-
Роботски дизајн и програмирање: Учесниците ќе научат да дизајнираат, градат и програмираат роботи користејќи комплети за роботика и автоматизација од LEGO® Education и MicroBit
-
Технологија на дронови: За прв пат во Македонија децата ќе го истражат светот на беспилотните летала преку практични активности за летање и нивно програмирање. – летање со дронови низ забавни патеки со препреки
-
STEM предизвици: Вклучување во возбудливи STEM предизвици што развиваат логика, креативност и тимска работа
-
LEGO Board Game: Учесниците ќе ја играат првата LEGO® друштвена игра на македонски јазик– создадена за учење преку играување во возбудливи
-
Дополнителни активности: Стратешки осмислени активности за креирање тим, како и игри кои помагаат да се изгради доверба, емоционална регулација и лидерски вештини, извидничка ориентација, логорски оган, диско забави, прошетки, филмови под ѕвездите и други забавни активности
-
Активности на вода: Пливање, кајак, бордање на SUP даски, возење со брод низ езерото
-
Повозрасни деца (14–18 години): Постари учесници ќе имаат можност да водат активности и да помогнат во проекти на помладите. Тоа ќе им помогне да растат како личности и како идни лидери
-
Инструктори и тренери: Нашите искусни тренери се повеќе од обични ментори. Нивните успеси вклучуваат триумфи на престижни меѓународни натпревари за роботика и STEM; тие се професионалци посветени на развојот на MINDSETOT кај младите луѓе, и се желни да ја разгорат искрата за иновациите во следната генерација пионери
-
Цена на чинење: 16 500 (30% при пријавувањето а остатокот на рати до 10 дена пред избраниот термин за камп)
-
Максимален број на деца: 30 (прв пријавен прв услужен)